Yoü and I
„Yoü and I“ е песна од американската пејачка Лејди Гага издадена како четвртиот сингл од нејзиниот втор студиски албум, Born This Way (2011). Напишана од Гага и ко-продуцирана од Роберт Џон „Мат“ Ленг, „Yoü and I“ е рокенрол песна која е примерок од песната од Queen, „We Will Rock You“ (1977) и содржи електрична гитара од Брајан Мери. Песната била испеана во живо од Гага во јуни 2010 за време на нејзиниот настап на балот White Tie and Tiara Ball од Елтон Џон. Дел од песната се појавил на интернет и добил позитивен прием што ја охрабрило Гага да ја додаде песната на сет-листата од The Monster Ball Tour. Таа подоцна ја извела песната на Today во јули 2010 и на The Oprah Winfrey Show во мај 2011. „Yoü and I“ била инспирирана од врската на Гага со нејзиното поранешно момче Лук Карл и е поставена во бавно темпо со инструментација составена од електрична гитара и пијано, а Гага и Ленг позајмуваат позадински вокали. Песната добила позитивен прием од критичарите кои ја нарекувале најдобра песна на Born This Way. После издавањето на албумот, „Yoü and I“ се искачила на табелите во Канада, Обединетото Кралство и САД поради бројот на дигитални спуштања на Born This Way. Натпреварувачката на десеттата сезона на American Idol, Хејли Рејнхарт ја извела „Yoü and I“ во мај 2011 за време на издавањето и добила позитивни критики. Нејзината студио сника била издадена на iTunes Store како сингл, и се појавила на компилацискиот албум, American Idol Top 5 Season 10. Музичкото видео за песната било издадено на 16 август и било снимено од долгогодишниот соработник на Гага, Лореан Гибсон во Спрингфилд, Небраска. Веднаш по издавањето добило позитивни критики од повеќето музички критичари. Музичко видеоМузичкото видео за „Yoü and I“ било снимено во Спрингфилд, Небраска и било режирано од кореограферот на Лејди Гага, Лоријан Гибсон.[2][3] Во видеото Гага оди да го земе своето момче од Њујорк. Кредити и личностиКридитите за песната „Yoü and I“ се земени од забелешките на албумот Born This Way.[4]
Историја на издавање
Наводи
Надворешни врски
|