Opera
Opera е бесплатен прелистувач развиен од норвешката компанија Opera Software. Прелистувачот е мултиплатформски, односно можно е да се користи во повеќе оперативни системи. Првпат „Opera“ се појави за Windows оперативниот систем во 1996 година, а денеска актуелна е верзијата 10.10. „Opera“ се справува со вообичаени интернет-ориентирани задачи како: приказ на мрежни страници, праќање и примање електронски пораки, ракување со контакти, IRC дискусии, преземање податотеки преку BitTorrent и читање на известувања. „Opera“ е бесплатна за лични сметачи и мобилни телефони, но е комерцијален производ за останати уреди. Главни одлики на „Opera“ се голема брзина, прелистување во јазичиња, зумирање на страници, гестови со глушец и вграден управувач за преземања. Безбедносните одлики вклучуваат вградена phishing заштита, силна енкрипција при прелистување безбедни мрежни места, како и можност за лесно бришење приватни податоци од тип на HTTP колачиња и прелистувачка историја со едноставно притискање на копче. Надворешни врски
Наводи
|