Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „{“ и Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „{“ година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „{“ година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „{“ и Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „{“ еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „{“.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 2010 година се протега во Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „{“ и Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „{“, додека според второто гледиште, годината трае во текот на Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „{“ и Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „{“ кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „{“. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „{“ и Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „{“ исламска година.
Настани
јануари
Оштетената национална палата во Хаити по катастрофалниот земјотрес
1 јануари - во северозападен Пакистан се случија бомбашки напади, при што животот го загубија 95 лица, а 100 лица беа повредени.
1 јануари - во данскиот град Орхус, 28-годишен Сомалиец, вооружен со секира и нож, влегол во куќата на карикатуристот Курт Вестергард со намера да го убие, по што данската полиција го ранила, пукајќи во него.
15 јануари - во централна Африка, јужна Индија, на Малдивите, Шри Ланка и делови од Кина можеше да се забележи најдолгото затемнување на Сонцето во третиот милениум.[4]
4 април - децата во Индија се стекнаа со слободно и задолжително право на образование.
6-7 април - претседателот на Киргистан, Курманбек Бакиев поднесе оставка, по бунтот на опозицијата и дводневните немири во кои најмалку 74[18] лица, меѓу кои и министерот за внатрешни работи го загубија животот.[19]
14 април - ерупција на вулканот Ејафјатлајекитл на Исланд предизвика создавање на облак од пепел, кој во наредните денови се прошири во поголемиот дел од Европа, предизвикувајќи застој во воздушниот сообраќај.[24]
6 мај - научниците, кои работат на проектот за решавање на прашањето за неандрталскиот геном објавија дека е можно неандрталците и луѓето да имале меѓусебни односи, што го поткрепија со фактот дека и двата вида се генетски слични, но сепак нивната блискост не може целосно да се утврди.[27]
12 мај - авион на компанијата Африкија Еирвејс се урна на пистата на аеродромот во Триполи, при што 103 лица го загубија животот, а само едно лице се спаси.[28]
31 мај - воените сили на Израел нападнаа флотила со хуманитарна помош за појасот Газа, при што 9 лица го загубија животот, а околу 70 лица беа повредени, вклучувајќи десетина припадници на израелските воени сили.[31]
3 јуни - започна проектот Марс 500, кој претставува симулација на лет до Марс, во рамките на кои шестчлен екипаж приземјен ќе живее 520 дена во специјално создадени услови за таа намена.[33]
24 јули - во стампедо, коешто настана за време на одржувањето на љубовната парада во германскиот град Дисбург, 21[42] лице го загуби животот, а 511 беа повредени.[43]
крај на јули - август - во пожарите кои ја зафатија Русија, 53 лица го загубија животот.[47]Москва, со денови беше облеана во густ чад, од кој секојдневно умираа по 700 луѓе.[48]
8 август - најмалку 337 лица го загубија животот, а 1.148 се прогласени за исчезнати во лизгање на земјиште во провинцијата Гансу во северозападна Кина.[49]
10 август - Светската здравствена организација објави дека пандемијата на свински грип е завршена, што се огледа во намалувањето на бројот на заразени, кој се изедначил со просечниот годишен број.[50]
30 септември - во немирите во Кито, полицијата го зазела парламентот, а го нападнала и претседателот на државата, Рафаел Кореја, кому му била укажана лекарска помош. Како последица на настанот, протести биле одржани и во другите поголеми градови во Еквадор.[59]
4 ноември - авион на компанијата Аерокарибијан, кој полетал од Хавана, се урна во централна Куба, при што загинаа сите 68 патници, меѓу кои и 7 членови на екипажот.[68]
2 декември - научниците на НАСА го објавија откривањето на бглумецијатаGFAJ-1, која во отсуство на фосфор е способна да го вгради елементот арсен во своите органски микромолекули, па дури и во ДНК.
18 декември - сè уште - во Тунис се одржуваат масовни демонстрации и протести поради назадоволството околу невработеноста во земјата, поскапувањето на прехранбените производи, корупцијата, слободата на говорот и лошите услови на живот. Во нередијата загинаа најмалку 200 луѓе, а над 90 се повредени.