Растенијата од родот можат да бидат листопадни или зимзелени. Листовите се прости, наизменични, обично со копјест облик. Цветовите се бели до розови, а поретко црвени, со пет венчиња и пет чашкини ливчиња и имаат многу прашници. Можат да бидат самостојни или во штитови од по две до шест, или понекогаш повеќе грозени китки. Плодовите се месести со по една голема јатка (наречена „коска“ или „семка“).[2]
Класификација
Денешната класификација на членовите на родот сливи е на Алфред Редер, разработена во 1940 г. со пет подрода[3] и подоцна дополнета од К. Инграм со Lithocerasus.[4] Тие се следниве:
Подродови на родот слива:
Amygdalus — бадеми и праски: пазузвните пупки со во тројки (со една листотворна пупка во средина и по двете цветни пупки од страните); цвета рано напролет, нема (или речиси нема) цветна дршка и цветовите не се на лиснати фиданки; плодот има зарез долж едната страна; семката е длабоко зарежана; типски вид: бадем (Prunus dulcis).
Prunus — сливи и кајсии: пазузвните пупки се единечни; цветовите рано напролет се на дршка наместо на лиснати фиданки; плодот има зарез долж едната страна, семката е група; типски вид: магарешка слива (Prunus domestica)
Cerasus — цреши и вишни: пазузвните пупки се единечни; цветовите рано напролет се во метлички, долга дршка, не е на лиснати фиданки; плодот е незарежан, семката е мазна; типски вид: вишна (Prunus cerasus)
Lithocerasus — песочни цреши: пазузвните пупки се во тројки; цветовите рано напролет се во метлички, со долги дршки наместо на лиснати фиданки; плодот е незарежан, семката е мазна; типски вид: песочна цреша (Prunus pumila)
Padus — сремзи: пазузвните пупки се единечни; двета доцна напролет во гроздови китки на лиснати фиданки, дршките се кратки; плодот е незажебен, семката е мазна; типски вид: европска сремза (Prunus padus)
Laurocerasus — зеленичиња: претежно зимзелени (сите други подродови се листопадни); пазузвните пупки single; цвета рано напролет во гроздови китки наместо на лиснати фиданки, дршките се кратки; плодот е незарежан, семката е мазна; типски вид: зелениче (Prunus laurocerasus)
Во родот спаѓаат повеќе застапени плодови како бадемот, кајсијата, црешата, вишната, праската, сливата и други, и секој од ниов има разни сорти кои се одгледуваат како пазарно овошје. Во случај на бадемот, се јаде само семката, која е јатка.
Производство на коскено овошје во илјади тони за 2012 г. Извор: ФАО[5]
↑ 1,01,11,21,31,41,51,61,7Potter, D.; Eriksson, T.; Evans, R.C.; Oh, S.; Smedmark, J.E.E.; Morgan, D.R.; Kerr, M.; Robertson, K.R.; Arsenault, M.; Dickinson, T.A.; Campbell, C.S. (2007). „Phylogeny and classification of Rosaceae“. Plant Systematics and Evolution. 266 (1–2): 5–43. doi:10.1007/s00606-007-0539-9.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link) [потсемејството тука се нарекува „Spiraeoideae“]
Stockey, Ruth A.; Wehr, Wesley C. (1996). „Flowering Plants in and around Eocene Lakes of the Interior“. Во Ludvigson, Rolf (уред.). Life in Stone: a Natural History of British Columbia's Fossils. Vancouver: UBCPess. ISBN0-7748-0578-1..