Реч
Реч — историско село во областа Река, северозападна Македонија, денес во атарот на с. Бродец, Општина Гостивар. Жителите биле Македоци-Шкрети од православна и исламска вероисповед, заведувани како „Албанци“. ГеографијаСелото се наоѓало во областа Горна Река, во подножјето на Кораб по горното течение на Радика, меѓу остатоците на селата Штировица и Стрезимир. ИсторијаВо XIX век Реч е заведено како мешано христијанско-муслиманско „албанско“ (впрочем македонско) село во Реканската каза. Според „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ во 1873 г. Реч се води како село со 30 домаќинства, чии жители се 93 православни „Албанци“.[2] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. селото имало 150 жители „Арнаути“ христијани и 140 „Арнаути“ муслимани.[3] На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Рече (Река) се води како чисто „албанско“ село од мешана (муслиманска и православна) вероисповед во Реканската каза на Дебарскиот санџак со 28 куќи.[4] Според цариградскиот митрополит Поликарп Дебарски и Велешки во 1904 г. Реч имал 12 „српски“ куќи[5], иако ова несомнено е пропаганда. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. христијанското население на Реч (Retch) се состоело од 72 „Албанци“.[6] ПоврзаноНаводи
|