Помош:Разговорна страницаРазговорните страници се посебен вид на википедиски страници, кои се користат за дискусија на промените што се прават во соодветните „главни“ статии. Сите Википедија статии, кориснички страници, предлошки итн имаат своја разговорна страница.
Врската Разговор води кон страница во истиот именски простор како и статијата, корисничката страница, или предлошката со дополнително „Разговор“ пред двете точки, пример: Разговор:Википедија, Разговор:Македонија итн. Основни правила за сите разговорни страници
Употреба
На Википедија, целта на разговорните страници е да помогнат во унапредувањето на главната статија, од енциклопедиска гледна точка. Во неа се поставуваат сите прашања, забелешки, некои појаснувања, аргументи за промена на некој текст и коментари за статијата. Користете ги разговорните страници за енциклопедиски цели, а не само за расправање и лични дискусии. Со други зборови, дискутирајте за статијата, а не за темата. ФорматирањеБидејќи вики платформата нуди големи можности за користење на различни стилови, се препорачува употреба на конзистентно форматирање со цел полесно следење на дискусиите. Длабочината на пораката се определува според бројот на две точки (':') пред пораката:
Кориснички разговорни странициСите корисници имаат соодветна разговорна страница. Доколку имате нови коментари во вашата разговорна страница ќе ви се појави пораката „Имате нови пораки“ на врвот на секоја Википедија страница. За да оставите порака на друг корисник во неговата разговорна страница, кликнете на Разговор кога ја гледате неговата корисничка страница. Во листата на Скорешни промени можете директно да влезете на нечија разговорна страница со стискање на (Разговор) до името на корисникот. Начин на однесувањеДали можам да правам што сакам на мојата разговорна страница?Повеќете корисници ги третираат личните разговорни страници како обични и ги архивираат содржините повремено во лична потстраница. Слободно уредете ја вашата лична страница според вашиот вкус, но имајте во предвид дека вашата разговорна страница служи пред се за комуникација на други корисници со вас. Некој може да се налути ако не може да ја користи за таа намена. Како да се одржува двонасочен разговорАко пишувате поврзани пораки на повеќе лични разговорни страници, добиениот текст ќе биде тежок за следење. Еве два система како да ги направите ваквите текстови почитливи:
Други забелешки
Поврзано |